Христова: Не е нормално некој да се смее на колективно силување, но единственото наше сегашно оружје е јавната осуда
Ленче Христова, од Организацијата на жени од Струмица реагираше на Фејсбук во врска со интервјуто на Драган Павловиќ Латас во емисијата на Стефан Лазаров.
„На социјалните мрежи се шири интервју кое поттикнува гнев, лутина и бес!
Извесен јутјубер Стефан Лазаров снимил разговор со Латас, кој пак низ смеа раскажува за злоставување и силување на 15-годишно девојче од страна на неколку лица. Лазаров, наместо со осуда, возвраќа со гласно смеење.
Ваквото нивно однесување испраќа погрешна порака дека силувањето е “нормално и забавно”.
Не, силувањето не е смешно!!! Не е нормално некој да се смее на колективно силување!!!
Нормално е жртвите да бидат заштитени, а насилниците осудени!
Но, бидејќи силувањето се случило пред многу години и речиси е невозможно сторителите да сносат одговорност, единственото наше сегашно оружје е јавната осуда. За жал…“, вели Христова.