Коментари

За прв пат се огласи и сестрата на Лазаров: Моето семејство нема вечно да биде жртва на партиски удари и притисоци!

По бурата критики и реакции се огласи и сестрата на Стефан, Марија Лазарова, која прв пат се огласува јавно на темата, но растури:

Прв пат се огласувам јавно на оваа тема, до сега бев фер и зборував само кај што треба – на состаноци. СДСМ, вие сте партија која покажа само кукавичлук, борба против индивидуалци кои само работат во нивната држава со ресурси што сами си ги обезбедуваат.

А вашето дело: Предавство, елитизам, непотизам, неспособност, лицемерие, и клечење позади задник на организации кои не застапуваат ништо од тоа зад кое се повикуваат. Лазаров нема да падне, моето семејство – индивидуалци кои многу чесно и макотрпно си го заработуваат лебот, нема вечно да биде жртва на партиски удари и притисоци, дур сум жива нема да ја наведнам главата. Срамете се, изгубивте многу, жал ми е што ја посрамотивте единствената партија што требаше да застапува прогресивност.

А вие, Форум на жени, занимавајте се со неправди како случајот на Јилдиз Веапоска, а не да се криете како пи*ки позади владина партија, „навредени” од нечие смеење на сопствената платформа, кое не штети апсолутно никому“, стои во објавата.

На почеток