Македонија

Мицкоски утна сѐ, нема рестрикции, има 40% поголемо производство на струја, вели СДСМ

Христијан Мицкоски промаши сѐ што предвиде во делот на енергетиката, ниту едно негово црно сценарио не се оствари, вели СДСМ

„Мицкоски ја плашеше јавноста дека енергетскиот систем бил пред колапс, дека ќе има рестрикции на електричната енергија.

Лажеше Мицкоски дека цената на струјата ќе поскапи за над 50 отсто, дека во државата нема доволно гас и енергенси.

Сите овие лаги на Мицкоски паднаа во вода.

Со одговорните мерки и политики на СДСМ денес енергетскиот систем функционира беспрекорно.

Сите домашни капацитети за производство на струја се во функција, што резултираше со зголемено производство на електрична енергија за 40 отсо само во почетокот на оваа година.

Тоа придонесе 72.000 компании да плаќаат значително пониски сметки за струја, додека за домаќинствата цената на струјата не само што не се зголеми, туку и благо опадна.

СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи продолжува да вложува во енергетскиот сектор и да ја зајакнува енергетската независност на државата, Мицкоски останува докажан непознавач на енергетските политики“, се вели во соопштението.

На почеток