Македонија

Рашковски: Има ли „Латасовци” во ОЈО ГОКК

10тина јавни настапи имаше Вилма Русковска (Латас сениор) и околу 5 настапи Ивана Трајчева (Латас јуниор) во обидот да ја поттикнат омразата кон Драги Рашковски. Не изнесуваа факти туку свои замисли и претпоставки за настани и причини, вели поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

„Што сакаа:
1. Сакаа најпрвин да створат терен за да може полесно да поминуваат нивните намери во судовите, па така во јавноста се пласираше наводна моја порака со текст „Слушај, изразувај се стручно, овие се глупи, ништо нема да те разберат“. Со ова сакаа да ја поттикнат омразата и кај обвинителите и кај судиите кон мене и останатите во случајот.

Читаше Ивана Трајчева 7 (седум) рочишта некакви текстуални записи (небаре сме неписмени и не знаеме да читаме), на кои немаше ниту телефонски број, ниту име и презиме… но немаше ни ваква порака. Денес, после речиси две години “Латасовци” треба на јавноста, а пред се на своите колеги и во судовите и во обвинителството да им одговорат: ДАЛИ ИМА ВАКВА ПОРАКА ИСПРАТЕНА ОД ДРАГИ РАШКОВСКИ КОН БИЛО КОГО? Ако нема, дали тоа значи дека тие ја измислиле??? Дали некојј ја пласирал во јавноста како лажен извор? Дали е нешто друго во прашање? Нека покажат дека тие не се изворот на оваа лажна вест па нека покренат постапка да го најдат изворот на оваа дезинформација. Ако не покренат, легитимно е да се мисли дека тие тоа го измислиле или не дај боже го мислат?

2. Ширеа пораки дека моите деца се збогатиле енормно. Се спомнуваа суми од неколку стотици илјади евра, за да се дојде до милионски суми. Сетоа тоа им требаше за да не само мене, туку и цело мое семејство некој го мрази? Што им покажаа вештачењата? Зошто не излезете и не кажете колкава е таа сума која ја спомнувавте дека е “натрупана”? “Латас сениор” е под правна суспензија, но “Латас јуниор” може да излезе пред јавноста и да каже колку е таа сума без посебни лични подготовки, како што според мои сознанија ако се точни ја чекавме да се врати од фризер за да ја соопштат одлуката за нашиот притвор, како би можела да даде изјава пред камери за својот “успех”. Зошто не излезете и не и кажете на јавноста дека таа фантастична сума за која Вие зборувавте е 1500 евра!!! Затоа што 1500 евра не предизвикуваат омраза?

3. Дирекно Ви се обраќам. Малку Ви беше ова, не пропуштавте да кажете дека лицето кое било мое обезбедување уплаќало за школарина за мојот син. И повторно за да некој посилно од душата мрази и колне? Зошто не излезете и кажете дека таа сума е 2390 денари? Затоа што за толку малку никој нема да мрази?

4. Зошто не излезете пред јавноста и не кажете дека и двајцата вештаци не најдоа (затоа што и нема) никакво, макар ни мало, прекршување на закони, подзаконски акти, па дури ни интерни акти во постапките за јавни набавки? Затоа што омразата која сакавте да ја ширите ќе згаснеше? Затоа што се што е набавено е тука, со попис попишано. Класично ширеше на омраза. Класична злоупотреба на функција. Местото на обвинителот е во суд. Таму требаше да ги докажувате вашите резултати од истрагата, но дури кога истата ќе заврши. Вие издававте непроверени информации од истрагата, што преку новинари, што дирекно, иако да
сте малку правници ќе знаевте дека тоа е противзаконски, а за се што е противзаконски знаете дека ќе добиете кривична. Видеата на кој зборувате за “резултатите” од истрагата стојат на интернет. Од нас како учесници во постапката ги криете наредбите за истрага, а за пуста слава и наводен сензационализам на јавни емисии изнесувавте се и сешто.

Сте се запрашале зошто речиси никој од обвинителите, освен Вас не излегува по емисии да зборува за случаите? Затоа што знаат, што е пред се правно дозволено, а понатаму и што е етика, морал и култура. Затоа што знаат дека случај се елаборира во судница по завршена истрага, а не на телевизија.

“Латас сениор” вели дека поради овој случај била сменета. Што повеќе сакавте да добиете? Истрагата никој не Ви ја попречи. Обвинение напишавте кое е оксиморон од граматичка гледна точка, но ви беше прифатено. Ниедно рочиште не е одложено по моја вина ниту сум барал да се одложи. Што повеќе од ова може да посака еден обвинител?

Велите дека политиката се мешала… а дали вие баравте во последните неколку месеци заштита од политички фунционери за поднесените кривични пријави и дисциплински постапки?

Јас знам што ве мачи. Ве мачи рочиштето на 2ри март. Тогаш ќе се види, кој, што и како правел“, се вели во соопштението.

На почеток