Македонија

ВМРО-ДПМНЕ е очајна, во натпревар со Левица зборува за војни, вели СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ во очај станува се порадикална и поекстремна во своите настапи и своето дејствување, вели СДСМ

„Се што оваа партија прави е свовиден натпревар по екстремизам со политичката партија Левица чиј што заложник е.

Во таа насока е и тврдењето на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој од Собранието зборува и се заканува со војни и конфликти.

Во 2023 година, високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ се закнуваат со војни и конфликти, што само го потврдува степенот на очај и слабост во партијата предводена од Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица се спремни да ја втурнат државата во хаос и безредие, во меѓуетнички конфликт, тоа се обидоа да го направат и за време на Европскиот предлог, а сега кога државата повторно е пред клучни решенија, тие повторно се закануваат.

Но колку и да посакуваат такви црни сценарија, СДСМ, граѓаните, сите демократски сили нема да дозволат тоа да се случи.

Деструкциите и заканите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица одново ќе бидат поразени“, се вели во соопштението.

На почеток