Коментари

Груевски по пресудата за Бошковски: Тоа е покажување на “среден прст” на сите оние кои се спротиставуваа на промената на името по грчки терк

Честитки за денешната судска пресуда во која Љубе Бошковски е прогласен за невин, со што мислам дека дополнително и значајно ќе “порасне” довербата во македонското судство како “целосно независно и неконтролирано од власта”, вели поранешниот премиер Никола Груевски.

„Се надевам и на искрени честитки од преставниците на меѓународната заедница за напредокот во независното судство и генерално напредокот на Македонија.

Инаку главниот доказ во овој случај што обвинителот го приложил е видео снимка која е законски прибавена со одлука на обвинител и судија, што значи дека е полноправна пред судот.

Краток сегмент од снимката од околу две минути можете да видите подолу и да се уверите дека “никакви” пари за кампања не биле дадени и тоа од преставник на Грција чии услов бил “жртвата” Љубе Бошковски одкако ќе победи на изборите во 2011 година (настанот е пред тогашните избори) да го смени името на државата, а во истата кажува, а подоцна во коалиција со СДСМ и докажа дека нема да има проблем придавката “Северна”.
Да бидеме искрени и без иронија, после ослободувањето на Заев и прогласување невин со иста ваква снимка законски прибавена со одлука на обвинител и судија и тоа за барање мито за него лично, оваа одлука и не е баш преголемо изненадување.

Мислам дека овие две законски прибавени снимки и двете невини “жртви” ќе влезат во антологијата на македонското судство, еден ден ќе станат и дел од учебниците во некоја земја.

Во исто време веќе шест години тече прогонот по судовите на нивните политички противници, на онаа структура која се бореше и ризикуваше со цел да не се прифатат оние услови кои ги бараше Грција, каде критериумите на обвинителството и судот се многу различни.

Тоа не е само казна за нас, туку и покажување на “среден прст” на сите оние кои се спротиставуваа на промената на името, историјата и идентитетот по грчки терк, а уште еден таков чин се подготвува да се случи во следната година, најверојатно по следните парламентарни избори, во изведба на некои други “Љубевци” и “Заевци”“, стои во објавата.

На почеток