Обвинителството поднесе жалба на ослободителната пресуда за Груевски во случајот „Талир 2“
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе жалба на првостепената ослободителна пресуда во предметот „Талир 2“, кој се однесува на изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.Од Обвинителството информираа дека надлежниот јавен обвинител ја примил првостепената пресуда и во законскиот рок вложил жалба.Пред неполн месец, Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски, кој беше обвинет во случајот „Талир 2“ за незаконската изградба на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ
Македонија | пред 4 дена