Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Груевски го коментираше гостувањето на Јане Ченто во „Претрес со Ландов“: Не секој беше издржлив и достоинствен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Студио
media-library4pcidebdsao08ceYWeX
Скопје1.мк

Експремиерот и азилант во Унгарија, Никола Груевски, од Будимпешта реагираше на изјавите на Јане Ченто дадени во поткастот „Претрес со Ландов“, каде Ченто тврдеше дека пред да биде уапсен и обвинет за настаните од 27 април му било понудено да сведочи дека токму Груевски и поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, биле организатори на упадот во Собранието.

Во својата објава, Груевски напиша:

— реклама —

„Ако има уште некој во Македонија кој сè уште има мал сомнеж околу постоењето на еден брутален политички прогон, еве уште една изјава во линкот прв во коментарите, овој пат сведочење на Јане Ченто, внукот на Методија Андонов - Ченто“.

Тој додава дека, според него, истите методи биле користени и во други судски предмети.

— реклама —

„Ако некој мисли дека за другите судски случаи било различно од ова, веднаш да знае дека било исто. Истите методи“, напиша Груевски.

Во продолжение, тој прави разлика меѓу, како што наведува, оние кои издржале и оние кои не издржале под притисок.

„Но, не секој беше издржлив и достоинствен како Јане Ченто. Затоа сега едни ги нема во јавноста, а други се слободни, горди на себе и својата доследност, издржливост, достоинство и чест“, стои во објавата на Груевски.

— реклама —

Јане Ченто во „Претрес со Ландов“ говореше за периодот пред апсењата за 27 април, тврдејќи дека му биле нудени договори за сведочење против тогашниот државен врв.

media-librarytclh872fm1hu29ZIy2v

(Видео) „Имав понуда – кажи ги Груевски и Чавков и нема да бидеш обвинет, па ме сместија во Шутка и пак ме посетија“: Сведоштво на Јане Ченто

Јане Ченто, осуден за настаните од 27 април и упадот во Собранието, во поткастот „Претрес со Ландов“ за првпат јавно тврдеше дека пред да биде уапсен и обвинет, добил понуда да сведочи против поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков.Според Ченто, ако прифател да каже дека тие биле организатори на настаните од 27 април, немало да биде обвинет.„Имаше ситуации каде што требаше да ги кажам Митко Чавков и Никола Груевски дека биле организатори за 27-ми април. Ме

Македонија | пред 5 месеци

Целото гостување изгледајте го тука

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryimvliqcp8n4jdBxe7uG

(Видео) Андреј Петров тврди: Повеќе од 20 починати членови на СДСМ се евидентирани дека гласале за Филипче

Студио | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryn3gnok0kj9d0cVsfXH1

(Видео) Петров: Филипче е некомпетентен, а искуството на Црвенковски може да помогне

Студио | пред 2 дена

media-library8pabrfndoftk7Z9Obxj

(Видео) Петров: Повлекувањето на Филипче подразбира повлекување на целосното раководство

Студио | пред 2 дена

media-libraryua3542ofk62u5IyllTK

(Видео) Претрес на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, за да го враќаат Бранко? А Македонија?

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања