Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Уште 2 дена до неисполнување на ветувањето на Мицкоски, нема реформи, нема Груевски - има Стоилковиќ и Кина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library2672l82he69g0mwZWZG

Остануваат уште два дена до 1 јуни, датумот до кој премиерот Христијан Мицкоски јавно вети дека ќе ги исполни сите точки од Реформската агенда и обврските поврзани со продолжувањето на европскиот пат на државата, соопшти СДСМ.

— реклама —

Од партијата оценуваат дека станува збор за уште едно неисполнето ветување на премиерот, посочувајќи дека реформите не се реализирани, а меѓу нерешените прашања ги наведуваат и обврските од евроинтегративниот процес.

— реклама —

Според СДСМ, Владата за две години целосно завршила само две од десетте предвидени точки од Реформската агенда, додека клучното прашање – внесувањето на малцинствата во Уставот – останува нерешено.

„Без оваа обврска нема продолжување на преговорите со Европската Унија, нема отворање нови поглавја, нема нови европски фондови и нема подобрување на животниот стандард на граѓаните“, наведуваат од партијата.

— реклама —

СДСМ го повика Мицкоски да ги спроведе уставните измени или, како што велат, јавно да признае дека не сака членство на државата во Европската Унија.

Во соопштението опозициската партија ја обвинува Владата дека ја води државата кон изолација и дека не ги спроведува потребните реформи за продолжување на евроинтегративниот процес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd12cvcl72ad37KjwVDn

Владата го одби амандманот на СДСМ за над една милијарда денари дополнителна поддршка за земјоделците

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-library5bl037kdm1f1bS9sQDN

СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?

Македонија | пред 15 часа

media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

„Левица не само што е руска партија туку и Македонија ја сака во БРИКС“, вели СДСМ

Македонија | пред 17 часа

media-librarynhterufv9d686KaULkj

Трајчулески до Мицкоски: Ќе се откажете ли од спојувањето на АНБ и Агенцијата за разузнавање?

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања