Промени тема
Контакт
Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK 2:18:21

Груевски фотографиран во ресторан во Унгарија, поранешен унгарски пратеник бара да му се одземе азилот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryc6rt1atou34la3PdQBF

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски бил фотографиран во ресторан во центарот на Будимпешта, тврди поранешниот унгарски пратеник Акош Хадхази, кој утрово објави дека фотографијата ја направил унгарски државјанин.

— реклама —

Груевски ја напушти Македонија во ноември 2018 година, пред да започне со издржување на двегодишната затворска казна во случајот „Тенк“. Оттогаш живее во Унгарија, каде што доби политички азил, а унгарските власти повеќепати одбија да го екстрадираат и покрај меѓународната потерница.

Тој беше осуден во отсуство во повеќе предмети поврзани со корупција, проневера и злоупотреба на службената положба и овластувањата.

— реклама —

Коментирајќи ја фотографијата, Хадхази изрази надеж дека унгарската влада едноставно заборавила на Груевски, додавајќи дека укинувањето на политичкиот азил би можело да овозможи негово враќање во Македонија и соочување со правдата.

— реклама —

Поранешниот пратеник во објавата оцени и дека политичките сојузници на Груевски сега се на власт во Македонија. Тој го спомена и унгарскиот бизнисмен Ласло Сиј, кој е вклучен во проект за изградба на автопат во земјава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4euep141q1he0pIWv9q

Груевски ослободен во „Талир 2“ – „Белата палата“ се одмрзнува по осум години

Македонија | пред 3 месеци

— реклама —
media-libraryomutu5c1grd6dKM4lUb

Груевски за луксузните станови на Водно: Обвинителката Стефанова го уцени Камчев да сведочи против мене, а тие не се мои

Коментари | пред 3 месеци

media-library6l77jjmjlka9a02wmiw

Државата ги продава луксузните станови одземени од Груевски: Џакузи, панорамски поглед и почетна цена од 2,46 милиони евра

Македонија | пред 3 месеци

gruevski

Никола Груевски: Лага е дека пред заминувањето од Македонија престојував во хотелот што го спомена Маленко

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања