Промени тема
Контакт

МАКЕДОНИЈА

media-librarym9h8j2a6phmp0B3a9y2

Трамп ја предложи Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Доналд Трамп ја предложи Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија. Белата куќа ја објави нејзината номинација на 9 ноември, меѓу предлозите доставени до американскиот Сенат, што значи дека станува збор за кандидатура која допрва треба да помине низ постапката за потврдување.Мекормик е правничка со долгогодишно искуство во изборната администрација, заштитата на избирачките права и владеењето на правото. Од декември 2014 до 9 јули 2026 година била членка на американската Комисија з

Македонија | пред 2 дена

krediti-za-skoluvanje-denari-1

Инфлацијата во октомври изнесува 3,3 проценти, месечниот раст на цените е 0,4 отсто

Инфлацијата во Македонија во октомври 2026 година достигнала 3,3 проценти на годишно ниво, додека во однос на претходниот месец е забележан раст од 0,4 проценти, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.Од Министерството за економија и труд оценуваат дека показателите упатуваат на релативна ценовна стабилност, но посочуваат дека внимателно ги следат движењата на пазарот, особено цените на основните прехранбени производи.Оттаму најавуваат дека доколку се утврдат неоправдани

Македонија | пред 3 дена

1-5

Петти состанок годинава, повторно без резултати: Бугарија и Македонија без договор за заедничко одбележување на годишнината од смртта на Даме Груев

Ниту по последната средба на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија не е постигнат напредок. Состанокот, одржан на 5 и 6 ноември во Скопје, завршил без конкретни резултати, објави бугарската новинска агенција БТА.Според објавените информации, претставниците на двете земји повторно не постигнале договор за начинот на кој Охридската архиепископија треба да биде претставена во учебниците по историја. Без одговор останал и бугар

Македонија | пред 5 дена

media-libraryv1qb1uf6ma7pbOZBvBc

Нов судир на ставови меѓу Скопје и Софија: Бугарија не прифаќа посредник и бара уставни измени, а Македонија гаранции од ЕУ

Нема промена во ставот на Софија за условите за продолжување на македонските евроинтеграции, а бугарското Министерство за надворешни работи го отфрли предлогот за вклучување претставници на Европската Унија како посредници во дијалогот меѓу двете земји.Бугарската министерка за надворешни работи, Весислава Петрова-Чамова, одговарајќи на пратеничко прашање, оцени дека е нетипично да има посредник меѓу земја членка на ЕУ и земја кандидат за спроведување договори усвоени на европско ниво. Таа порача

Македонија | пред 6 дена

EU-1

Македонија и уште пет земји од Западен Балкан се приближуваат до укинување на роамингот со ЕУ

Граѓаните на Македонија и на уште пет земји од Западен Балкан би можеле во иднина да ги користат мобилните услуги во Европската Унија без дополнителни трошоци за роаминг. Европската комисија ги започна преговорите за вклучување на регионот во европската шема „Роаминг како дома“.Иницијативата ги опфаќа Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија, а ја најави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на посетата на регионот во октомври.Со прик

Македонија | пред 6 дена

media-library5said7bdr2qfepKDNXd

Рокас: Македонија бележи напредок во дигитализацијата, образованието и владеењето на правото

Македонија бележи напредок во повеќе области во споредба со претходната година, особено во дигиталната трансформација, истражувањето, науката, образованието и владеењето на правото, изјави амбасадорот на ЕУ Михалис Рокас, одговарајќи на новинарско прашање за извештајот за напредокот на земјата за 2026 година.Рокас посочи дека се донесени значајни закони и дека една година подоцна веќе се забележуваат резултати од преземените чекори. Сепак, нагласи дека напредокот треба да се оценува во рамките н

Македонија | пред 1 седмица

media-librarysro069fv1uc74xrMfOW

(Видео) Македонија останува меѓу најподготвените земји кандидатки за членство во ЕУ, тврди Рокас

Македонија покажува дека е сигурен партнер на Европската Унија, кој ги споделува нејзините стратешки приоритети, оцени амбасадорот на ЕУ Михалис Рокас на прес-конференција.Тој ја истакна усогласеноста на македонската надворешна политика со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, особено во период на сериозни меѓународни предизвици.Рокас посочи дека земјата постигнала значително усогласување со законодавството на Унијата и останува меѓу кандидатките со највисоко ниво на подготвеност

Македонија | пред 1 седмица

struja-2

Струјата во Македонија поскапа отколку во Црна Гора и БиХ, покажуваат податоците на Евростат

Домаќинствата во Македонија плаќаат 11,6 евроценти за 100 киловат-часови електрична енергија, со што земјава е меѓу државите со највисоки цени на Западен Балкан, покажуваат најновите податоци на Евростат за првата половина од 2026 година.Според статистиката, најскапа струја во регионот имаат Србија и Албанија, каде што цената изнесува по 11,9 евроценти за 100 киловат-часови. Македонија е веднаш зад нив, додека во Црна Гора цената е 10,3, а во Босна и Херцеговина 9,9 евроценти.Во првите шест месе

Македонија | пред 1 седмица

lorenco

Криминалните предмети застаруваат, корупцијата останува сериозен проблем – Европската комисија со критики за Македонија

Македонија не постигнала напредок во борбата против корупцијата, случаите на висока корупција продолжуваат да се одолговлекуваат и често застаруваат, а независноста на судството и понатаму е поткопана од мешање на други гранки на власта. Ова се дел од сериозните забелешки во најновиот извештај на Европската комисија за земјава, објавен денеска, 4 ноември 2026 година.Европската комисија оценува дека корупцијата останува широко распространета и претставува сериозна причина за загриженост. Во извеш

Македонија | пред 1 седмица

Marta-Kos

Напредокот на Македонија кон ЕУ зависи од уставните измени, порача еврокомесарката Марта Кос

Напредокот на Македонија во евроинтеграциите зависи од исполнувањето на условот за уставни измени, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос, претставувајќи ги извештаите за земјите кандидати пред Европскиот парламент. Таа потврди дека Европската комисија е подготвена веднаш да го отвори првото преговарачко поглавје штом земјата го исполни условот утврден во 2022 година.Кос оцени дека Македонија покажала посветеност во спроведувањето на реформите од Реформската агенда, но очекува истата ре

Македонија | пред 1 седмица

makedonija-evropa-eu-mkd-2

Брисел денеска ќе го оцени напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија

Европската Унија денеска ќе ги објави годишните оценки за напредокот на земјите што се стремат кон членство, откако европската комесарка за проширување, Марта Кос, ќе го претстави Пакетот за проширување за 2026 година.Документот опфаќа десет земји кандидати и потенцијални кандидати, а Европската комисија во него ги анализира спроведените реформи, постигнатите резултати и предизвиците со кои се соочуваат државите во процесот на приближување кон Унијата. Извештаите содржат и препораки за идните че

Македонија | пред 1 седмица

jabolka

Бугарија враќа 19 тони јаболка од Македонија поради зголемено количество пестициди

Пратка од 19.350 килограми јаболка од Македонија нема да биде пуштена на бугарскиот пазар откако лабораториските анализи покажале присуство на остатоци од пестициди над законски дозволените граници.Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ) ја забранила пратката и најавила дека таа ќе биде вратена во Македонија бидејќи не ги исполнува пропишаните безбедносни стандарди.Пратката била откриена во рамките на засилените контроли што бугарската агенција ги спроведува врз увезеното свежо овошј

Балкан | пред 1 седмица

media-library5j49gda5if703D2sNtj

Македонските студенти: Победата во Србија покажа дека младите можат да влијаат врз промените

Победата на студентите во Србија покажува дека младите можат да влијаат врз општествените промени и да ја обликуваат сопствената иднина, сметаат македонските студенти. Тие посочуваат дека не мора да се преземе истиот модел на протести или организирање, туку дека обединетоста и истрајноста во барањата се клучни за постигнување резултати.„Кога младите, кога студентите се заедно и се истрајни во своите барања, можат да бидат не само набљудувачи на општествените случувања, туку и директно да влијаат

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryc6rt1atou34la3PdQBF

Груевски фотографиран во ресторан во Унгарија, поранешен унгарски пратеник бара да му се одземе азилот

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски бил фотографиран во ресторан во центарот на Будимпешта, тврди поранешниот унгарски пратеник Акош Хадхази, кој утрово објави дека фотографијата ја направил унгарски државјанин.Груевски ја напушти Македонија во ноември 2018 година, пред да започне со издржување на двегодишната затворска казна во случајот „Тенк“. Оттогаш живее во Унгарија, каде што доби политички азил, а унгарските власти повеќепати одбија да го екстрадираат и покрај меѓународната поте

Македонија | пред 3 седмици

media-library5harqe7l9t2tfbvRJBI

(Видео) „Брука“: Автобуси од Македонија со поддржувачи на Вучиќ тргнале кон митингот во Ниш, па застанале да уринираат покрај автопат

Видео од автобуси со македонски регистарски таблички, кој наводно превезувале поддржувачи на српскиот претседател Александар Вучиќ кон Ниш, предизвикаа реакции на социјалните мрежи. На снимката се гледаат автобуси покрај автопатот, а дел од патниците застануваат да уринираат.Вучиќ вечерва одржа предизборен митинг во Ниш, на кој се обратија и поранешниот српски претседател Томислав Николиќ и Милорад Додик. Српските медиуми, меѓу кои N1, „Јужне вести“, „Данас“ и „Решетка“, известуваа за собирот и

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryf3ed0ehmbc4dcwmzg2U

Нов бран поскапувања на храната се заканува во Европа, последиците може да се почувствуваат и во Македонија

Иако инфлацијата на храната во еврозоната забави во текот на 2026 година, Европската централна банка (ЕЦБ) предупредува дека смирувањето на цените можеби нема да трае долго. Повисоките цени на енергенсите, сушите и екстремните временски услови би можеле повторно да го забрзаат поскапувањето на храната во 2027 година.Според анализата на ЕЦБ објавена на 20 октомври 2026 година, годишната инфлација на храната во еврозоната се намалила од 2,6% во јануари на 1,1% во август, пред да се зголеми на 1,3%

Свет | пред 3 седмици

plenkovich

Пленковиќ ја призна неправдата кон Македонија, но дали Хрватска ќе постапи поинаку со Црна Гора?

Изјавата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ дека Македонија изгубила цели 21 година во процесот на приближување кон Европската Унија поради билатерални блокади отвора прашање што оди подалеку од дипломатското признавање на неправдата. Ако Хрватска е свесна за последиците од блокирањето на европскиот пат на една земја, дали има политичко и морално оправдување да го условува напредокот на Црна Гора со решавањето на отворените билатерални прашања?Пленковиќ го изнесе овој став на 15 октомври 202

Свет | пред 3 седмици

denari-moneti

Речиси секое трето дете во Македонија расте во сиромаштија, ОН предупредуваат на глобалната станбена криза

Речиси секое трето дете во Македонија живее под прагот на сиромаштија, покажуваат официјалните статистички податоци, во време кога Обединетите нации предупредуваат на продлабочувањето на глобалната станбена криза. По повод 17 Октомври, Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата, ОН годинава го ставаат во преден план правото на достоинствено и безбедно домување.Според најновите глобални процени, 826 милиони луѓе годинава живеат во екстремна сиромаштија, со помалку од три долари дневно. Во

Македонија | пред 3 седмици

rudnik

Европа бара критични минерали, Македонија добива можност за поголема индустриска улога

Европската унија ја засилува стратегијата за обезбедување критични минерални суровини, а тоа отвора нови можности и за Македонија. Сепак, евентуалната економска корист нема да зависи само од минералните ресурси, туку и од квалитетот на проектите, работата на институциите и заштитата на јавниот интерес.Европската комисија на 9 октомври избра 46 нови стратешки проекти за критични суровини, што е показател за промената на индустриските приоритети на континентот. Во фокусот се ископувањето, преработ

Свет | пред 3 седмици

media-libraryocadhgvj2dks651gdsg

„Не сакам да се откажам од мојата крв, од моите претци, а се прави се' да треба да бирам страна“: Стојановска предупредува на растечката омраза меѓу Македонците и Бугарите

„Имам и македонска и бугарска крв, но се чувствувам како најголем изрод на овие простори“, напиша Татјана Стојановска на социјалните мрежи, осврнувајќи се на растечките тензии меѓу Македонија и Бугарија и притисокот со кој, според неа, се соочуваат луѓето со мешано потекло.Таа истакнува дека не оправдува ниту една политика, ниту онаа на нејзината матична држава, Македонија, ниту бугарската, но предупредува дека омразата што се создава со години најмногу ја чувствуваат луѓето чии семејни корени с

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryq03i454uh7b6dtwWGn0

Македонија поевтина за странците, но сè поскапа за домашните граѓани

Иако Македонија и натаму е меѓу земјите со пониски трошоци за живот на Балканот, растот на цените постепено ја намалува разликата со соседните држави. Најголем товар за граѓаните остануваат храната, услугите и домувањето, додека платите не секогаш успеваат да го следат поскапувањето.Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во август 2026 година биле повисоки за 2,6 отсто во споредба со истиот месец лани, додека цените на мало пораснале за 2,3 отсто. И покрај поуме

Македонија | пред 4 седмици

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-04-5900PM

Македонија меѓу побезбедните дестинации во светот според мапата на ризици за 2027 година

Македонија и останатите земји од Западен Балкан се наоѓаат во категориите со низок до умерен безбедносен ризик, покажува Глобалната мапа на ризици за 2027 година, објавена од американската компанија за корпоративна безбедност „Глобал гардијан“.Според анализата, земјава се смета за релативно безбедна дестинација за патување, деловни активности и транзит, особено во споредба со подрачјата погодени од војни, хуманитарни кризи и организирано насилство.Процената не се заснова само на воените закани,

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryjjpe9dg96at7cedyg5l

Коридорот 8 и европската интеграција во фокусот на средбата Ферати – Хоџа

Министерот за односи меѓу заедниците на Македонија, Агон Ферати, оствари средба со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Ферит Хоџа, во просториите на Министерството за надворешни работи во Тирана.На средбата се разговараше за унапредување на меѓудржавните односи и подобрување на инфраструктурната поврзаност како фактори за економски развој и зближување на граѓаните. Министерот Ферати ги презентираше напорите на Министерството за создавање нова клима меѓу етничките заедници и за

Македонија | пред 1 месец

media-library2aapciimksoo0lUBbIF

Сиљановска-Давкова го прими новиот грчки амбасадор: Очекуваме ново поглавје во односите со Грција

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Хеленската Република, Јоанис Малукос.Таа, третирајќи ја Грција како важен сосед и потенцијален стратешки партнер, изрази искрено очекување за отворање ново поглавје во меѓусебните односи, во духот на добрососедството, градено низ bona fide политика.За Сиљановска-Давкова, Хеленската Република, како земја од регионот со најдолго искуство во Европската Унија, има и

Свет | пред 1 месец

media-libraryp791nfgk8e41fRM2WAd

Сиљановска-Давкова го прими новиот турски амбасадор: „Турција е наш стратешки партнер и искрен пријател“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ.Посакувајќи му добредојде, Сиљановска-Давкова изразила уверување дека во текот на неговиот мандат добрите македонско-турски односи ќе станат уште подобри.Таа истакнала дека Турција за неа не е само стратешки партнер и значаен сојузник во НАТО, туку и искрен пријател кој ги разбира македонските приоритети.Во формирањето на Советот за соработка на високо ни

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања