Промени тема
Контакт

МАКЕДОНИЈА

271957282_480992096753139_6073821672417444389_n

Температури до 21 степен, можно слаб дожд во североисточните делови

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. Во североисточните предели се можни слаби локални врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе се движи од 14 до 21 степен.Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.Минималните утринс

Македонија | пред 1 година

media-library9edebv3e9kescYv0tN0

Минчев и Дукај: Зајакнување на јавната администрација преку регионална соработка

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари билатерална средба со својот колега, министерот за јавна администрација на Црна Гора, Мараш Дукај, во Скопје.  Целта на оваа средба е зајакнување на билатералната соработка помеѓу двете земји во областа на јавната администрација.Министрите разменија визии и идеи за унапредување на реформските процеси и примена на современи методологии кои ќе придонесат кон создавање на поефикасна, транспарентна и граѓански ориентирана администрација.Рефор

Македонија | пред 1 година

media-libraryhqv27rqacrbj5NnRGuG

Времето денес: Слаб до умерен јужен ветер со температура до 21 степен

Денес, 28 септември 2025 година, времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Попладне и кон крајот на денот, на некои места врнежите ќе бидат пообилни, со количина над 20 литри на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе се движи од 15 до 21 степен.Во Скопје се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд. Попладне и кон крајот на денот врнежите во делови од котлината ќе бидат пооб

Македонија | пред 1 година

skopski-aerodrom

Николоски: Проблемот со радарот стар 27 години го решивме за три дена

Проблем со радар стар 27 години на скопскиот аеродром бил решен за само три дена, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски за ТВ Сител.Седум години никој не водел сметка за резервни делови, бидејќи уште тогаш престанаа да се произведуваат. Се соочивме со проблем, но благодарение на професионалците успеавме за три дена да го ставиме радарот во функција, рече Николоски.Тој најави дека со одлука на Владата ќе биде задолжен М-НАВ во наредните месеци целосн

Македонија | пред 1 година

izbori

Почнуваат изборните кампањи: 309 кандидати за градоначалници во 80 општини и Скопје

Од полноќ започнува 20-дневната кампања за Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври, а вториот круг е закажан за 2 ноември.Ова се осмите локални избори од независноста на државата и четврти на кои ќе се избираат и градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. На овие избори учествуваат 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за советници, со вкупно 10.490 кандидати.Според Државната изборна комисија, во Избирачкиот список се впишани 1.832.415 граѓа

Македонија | пред 1 година

ali-ahmeti

Ахмети од Тетово до Мицкоски: „Ќе има поделби, едни со Албанија, едни со Бугарија“

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, синоќа од Тетово му упати остро предупредување на премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека секое скршнување од европскиот пат може да ја подели државата.„Ако не го продолжи Македонија својот пат кон ЕУ, тогаш граѓаните на оваа земја нема да имаат друг избор освен некои да одат со Албанија, а другите со Бугарија!“, изјави Ахмети, а изјавата ја пренесе албанскиот портал „Тетова сот“.Во своето обраќање тој зборуваше и за отворањето на изборниот штаб во Тетово, што

Македонија | пред 1 година

media-libraryd07vkvlt00oh82TTmlz

„Сите за Палестина“ со барање до Силјановска Давкова: Македонија да ја признае Палестина

Во пресрет на Генералната дебата на 80-то Генерално собрание на Обединетите нации, Иницијативата „Сите за Палестина“ упати писмо до претседателката Гордана Силјановска-Давкова во кое побара Македонија да ја признае палестинската држава и да го осуди геноцидот врз палестинскиот народ.Иницијативата пред се инсистира, претседателката итно да се побара прекин на огнот и влез на хуманитарна помош во Газа што не е дистрибуирана од Израел.Во писмото, Иницијативата бара Македонија да почне да гласа за

Македонија | пред 1 година

ganikj

(Видео) Македонски туристи поминаа голгота: вчера ги убедуваа да продолжат со автобус за кои тврдеа дека е исправен, сега и сами признаваат дека не бил

Патници од Македонија со страв се враќале кон Македонија по туристичка посета на Истанбул, бидејќи се појавиле проблеми со исправноста на автобусот. Тие тврдат дека возилото постојано прегревало, а возачот морал да застанува за да се олади моторот. Компанијата „Ганиќ-Ексклузив“ за „Скопје1“признава дека имало проблеми со автобусот, иако ако се слушнат снимките може да се воочи дека претходно претставник оттаму ги убедува патниците да продолжат со истото возило. На крајот, поради инсистирањето, п

Македонија | пред 1 година

MixCollage-08-Sep-2025-03-27-PM-2899

„САД ја ценат Македонија како сојузник, ЕУ го поддржува патот кон Унијата“ – честитки за Денот на независноста

„Во текот на три децении изградивме силно партнерство – работејќи заедно во дипломатијата, безбедноста, образованието и културата“, порача Амбасадата на САД во честитката по повод Денот на независноста.Американскиот државен секретар Марко Рубио ја нагласи посветеноста на Вашингтон за продлабочување на соработката со Северна Македонија. „Како сојузник на НАТО, вашето ветување за зголемени трошоци за одбрана ја потврдува вашата посветеност на заедничките безбедносни цели. Правдата, стабилноста и п

Македонија | пред 1 година

EYOF

Како не треба да изгледа EYOF – Македонија покажа „пример“ пред 49 земји!

Со години се подготвуваат олимпијади — зимски, летни, младински, старински... Држави вложуваат стотици милиони, години однапред трешти пропагандна машинерија, се градат сали, села, системи и сјај. А кај нас, Младинската олимпијада мина како месна забава во трета смена. Ни глас, ни трага. Скопје и Куманово ја угостија Европа, 4.000 спортисти од 49 земји, а јавноста дозна од некое стори на Инстаграм и неколку очајни објави на самите натпреварувачи.Медиумите беа обвинети за слабо покривање. Па не м

Коментари | пред 1 година

ana-cupeska

Професорката Чупеска прашува: До кога македонското прашање ќе биде месо за гладните волци ?!

Во моменти кога повторно се отвораат прашања поврзани со идентитетот, дел од јавноста остро реагира – предупредувајќи дека темата се злоупотребува за политички поени и дефокус. Меѓу нив е и професорката по политички науки Ана Чупеска, која прашува: „Може ли од Владата да ни објаснат зошто на тацна повторно сервираат затворени идентитетски оспорувања?“Може ли од Владата да ни објаснат зошто на тацна повторно сервираат затворени идентитетски оспорувања ?!До кога македонското прашање ќе биде месо з

Македонија | пред 1 година

EP

Европарламентот го изгласа извештајот за Македонија, македонскиот идентитет „исчезна“ од текстот

Со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“, Европскиот парламент денеска го усвои Извештајот за напредокот на Македонија за 2023 и 2024 година, изготвен од специјалниот известувач Томас Вајц, европратеник од Австрија.Документот ги опфаќа клучните реформи и предизвици на земјава на патот кон Европската Унија, но вниманието на јавноста го привлече фактот што во неговата конечна форма се отстранети сите конкретни референци на „македонскиот јазик и идентитет“, кои претходно беа присутни во нац

Свет | пред 1 година

bojko1

Бојко Борисов подава рака на Македонија, Бугарија задоволна од усвоениот Извештај

Откако денеска беше усвоен Извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија без да се спомене во него македонскиот јазик и идентитет, официјална Софија веднаш изрази задоволство од документот.,,Со својата резолуција за извештајот за напредокот на Република Северна Македонија, Европскиот парламент не дозволи тој да биде инструментализиран за потребите на внатрешната политичка дебата на земја-кандидат“, коментираше министерот за надворешни работи Георг Георгиев.Реагираше и лидерот на

Македонија | пред 1 година

afroditi

„Јас сум вистинска горда Македонка, а не лажна како резидентите во Скопје“ - изјава на грчка европратеничка пред гласањето на извештајот

На вчерашната пленарна дебата во Европскиот парламент, што ѝ претходеше на денешното гласање за Извештајот за напредокот на Македонија, грчката европратеничка Афродити Латинопули изнесе навредлива и провокативна реторика, негирајќи го македонскиот јазик и идентитет.„Јас сум вистинска горда Македонка, а не лажна како резидентите во Скопје“, изјави Латинопули од европската група на крајната десница (ECR), додека ги поддржуваше бугарските ставови за историјата, јазикот и националноста на македонски

Македонија | пред 1 година

slika-nesreka-grcija

(Видео) Страшна трагедија во Грција: Загинаа татко и син во судир со камион управуван од Македонец

Две лица – татко и неговиот 13-годишен син – го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи во саботата попладне на стариот магистрален пат Солун – Верија, во близина на делницата меѓу Халкидони и Лудија. Според информациите на грчките медиуми, патнички автомобил со четиричлено семејство под сè уште неразјаснети околности се судрил со камион со македонски регистарски таблички.Несреќата се случила околу 16 часот. 44-годишниот возач на автомобилот починал на самото место, додека нег

Свет | пред 1 година

screenshot_20250628_143234_facebook-696x411-1

(Видео) По 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да се вратат во Стар Караорман - иднината ја планираат во Македонија

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова адреса е штипското село Стар Караорман, каде, велат, конечно го пронајдоа тоа што им недостасувало – време за себе и за своите деца.„Таму беше трка со обврски, работа, смени, метеж… Немавме време ниту еден за друг, ниту за децата. Тука, конечно, живееме – не само што опстануваме“, велат Стојменови.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-06-25-at-15.41.19

Битка за идентитетот: Радев и Мицкоски во жесток судир по извештајот на ЕП за Македонија

Полемиката меѓу Скопје и Софија околу идентитетските прашања повторно се разгори, откако Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) го усвои извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од европратеникот Томас Вајц. Извештајот, кој беше поддржан со 40 гласа „за“, 19 „против“ и 10 „воздржани“, веднаш предизвика реакции и на домашната и на бугарската политичка сцена.Бугарскиот претседател Румен Радев испрати остро писмо до европските институции, во кое го критикува Европски

Македонија | пред 1 година

grcija-dok

(Видео) Драма на грчка плажа, медицинско лице од Србија спаси петгодишно дете од Македонија

Вистинска драма се одвивала на плажа во Грција во петокот. Четиригодишно девојче од Македонија имало срцев проблем.За среќа на плажата во Неа Врасна бил и медицинскиот техничар од Србија, Саша Костиќ кој со брза интервенција го спасил детето.За „Утро на Прва”, раскажува што се случило.Во моментите кога можела да се случи трагедијата бил на плажата со синот и видел како родителите го изнесуваат девојчето без свест. Му помогнала и колешка, докторка.„Видовме дека детето е во критична ситуација, дек

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-05-23-at-13.19.09

Има пречки на патот, има простор каде може да направиме нешто, вели Калас за патот на Македонија кон ЕУ

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас рече дека има механизми за да се надминат пречките за Македонија на патот кон Унијата.„Јасно е дека сакаме Северна Македонија да се привдижи кон овој пат и знаеме дека има пречки на него, го дискутиравме тоа, за да најдеме механизми за да се надминат тие пречки. Сметам дека има простор каде може да направиме нешто, не би навлегувала во детали. Ако се придвижиме, ќе објав

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-05-23-at-13.25.39

Се навестува средба Македонија-Бугарија, Мицкоски: Можеби ќе чуеме каде исчезнаа 200.000 Македонци од Западна Буагарија од 1956 до 1965 година

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека Македонија прифатила да седне на маса со Бугарија за време на НАТО самитот. Нас ќе нѐ претставува претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а на маса треба да бидат четири високи претставници на Европската Унија, но и членки на НАТО. Мицкоски вели „Ние сме фактор на стабилност и така треба да зрачиме, во регионот има земји кои сакаат да рефлектираат нестабилност. А добро би било да се слушне, да се седне на маса. Можеби од таа страна ќе чуеме аргументи шт

Македонија | пред 1 година

adgf

(Фото) Како да изгледа грбот на Македонија, а што со химната?

Државниот грб на Македонија, обележје кое опстојува 79 години, на пат да биде сменет. Но неговата промена, носи и нови барања. Па така, претседателот на Движењето Беса кое е дел од коалицијата „Вреди“, Билал Касами, денеска изјави дека поддржува секакви промени на Уставот, кои, како што вели, предвидуваат менување на државните симболи поврзани со минатиот општествено-политички систем. Тој порача да се смени химната, став кој го дели и Зијадин Села од Алијанса на Албанците. Од Вреди сметаат дека

Коментари | пред 1 година

Screenshot-2024-09-08-at-08.04.22

33 години независна Македонија: Низа тешкотии, но и убави денови

На 8 септември 1991 година, 95 отсто од граѓаните на Македонија на референдум се изјаснија за самостојна и суверена држава.Меѓу поважните датуми од патот кон независноста кои му претходеа на референдумот се 25 јануари 1991 кога првиот состав на повеќепартиско Собрание усвои Декларација за независност, а два дена подоцна го избра Киро Глигоров за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија.По референдумот, пак, на 17 ноември 1991 беше усвоен Уставот, а следуваше и монетарно осам

Македонија | пред 2 години

14112019_PVRSM_Zaev_sredba_Micotakis_1

Мицотакис до Македонија: Ќе создадете проблеми, името ви е и за внатрешна употреба

„Ќе ги чекаме официјалните ставови на владата на Северна Македонија, но првите впечатоци се крајно негативни. Во основата на договорот од Преспа беше концептот на едно име, она што ние го нарекуваме ерга омнес, името Северна Македонија да важи за сите, односно да се користи и во странство и во земјата“, изјави премиерот Киријакос Мицотакис во денешно интервју во емисијата „Викенд од 6“ на ЕРТ, одговарајќи на прашање за прашањето поврзано со Договорот со Македонија.„Да потсетам дека не гласавме з

Свет | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-20-9330PM

Загина скопјанец во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Триесет и деветгодишен возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани. Сопатничката и двете малолетни деца поради здобиените повреди се пренесени во штипската Клиничка болница.Пријавата во СВР-Штип е во 02:24 часот, изјави за МИА Гордана Панајотова, портпарол на СВР-Штип.Несреќата се случила во близина на клучката кај селото Крупиште, а според првичните информации, во несреќата учествувало само едно возило. Автомобил марка рено „лагуна“ со скопски регистерски таблички излетало од кол

Македонија | пред 2 години

327159178_606340884641474_8850804424106480478_n

Приведени четири лица за каменувањето на македонскиот клуб во Благоевград

Има приведени за нападот со камен врз македонскиот културен клуб во Благоевград, пренесе бугарскиот медиум НОВА од свои извори.Во притвор се двајца мажи и две жени, сите на возраст од околу 40 години. Тие се од Благоевград и засега не е јасно кои се мотивите за делото.Според неофицијални информации, по полициската акција во Благоевград, министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев разговарал со својот колега од Македонија и ги повикал локалните органи на прогонот да ја завршат работата за дефин

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања