Промени тема
Контакт

Почнуваат изборните кампањи: 309 кандидати за градоначалници во 80 општини и Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
izbori

Од полноќ започнува 20-дневната кампања за Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври, а вториот круг е закажан за 2 ноември.

— реклама —

Ова се осмите локални избори од независноста на државата и четврти на кои ќе се избираат и градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. На овие избори учествуваат 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за советници, со вкупно 10.490 кандидати.

— реклама —

Според Државната изборна комисија, во Избирачкиот список се впишани 1.832.415 граѓани со право на глас. Меѓу нив има околу 112.000 лица на привремена работа во странство, 2.162 лица кои издржуваат казна затвор или се во притвор и 450 лица од домовите за стари лица.

— реклама —

Гласањето ќе се спроведува на 3.480 избирачки места низ земјата. Буџетот за изборите изнесува 9,76 милиони евра, од кои најголем дел се наменети за медиумско покривање и политичко рекламирање.

— реклама —

Локалните избори во Македонија се одржуваат на секои четири години во втората половина на октомври. Досега избори се одржале во 1996, 2000, 2005, 2009, 2013, 2017 и 2021 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

1-5

Бугарија порача дека е отворена за дијалог откако Муцунски побара посредување од ЕУ во разговорите

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarydlgo1jq0qmqk1nmVXcz

(Видео) Ана Стојаноска со песната „Идната Јас“ ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг

Сцена | пред 1 седмица

media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Возел пребрзо и по левата лента, па понудил пари на полицајците за да избегне казна: уапсен македонски државјанин во Србија

Македонија | пред 1 месец

media-librarynmhf7gt5u93h1A0kIDK

На денешен ден во 1992 година Македонија ги усвои знамето и химната како државни симболи

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања