Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Македонија и уште пет земји од Западен Балкан се приближуваат до укинување на роамингот со ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
EU-1

Граѓаните на Македонија и на уште пет земји од Западен Балкан би можеле во иднина да ги користат мобилните услуги во Европската Унија без дополнителни трошоци за роаминг. Европската комисија ги започна преговорите за вклучување на регионот во европската шема „Роаминг како дома“.

— реклама —

Иницијативата ги опфаќа Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија, а ја најави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на посетата на регионот во октомври.

— реклама —

Со приклучувањето кон системот, граѓаните ќе можат да остваруваат телефонски разговори, да испраќаат СМС-пораки и да користат мобилен интернет во земјите членки на ЕУ според условите на своите домашни претплатнички пакети. Истите правила ќе важат и за граѓаните на ЕУ кои патуваат во земјите од Западен Балкан.

За вклучување во шемата, потребно е секоја земја да склучи посебен договор со ЕУ и целосно да го усогласи националното законодавство со европските правила за роаминг. По исполнувањето на овие услови, Европската комисија ќе побара од Советот на ЕУ да го одобри нивното приклучување кон заедничкиот систем.

— реклама —

Советот на ЕУ уште во јуни 2026 година даде согласност за почеток на преговорите, потсетува „Н1“.

— реклама —

Засега не е утврден рок за завршување на преговорите, ниту датум од кој би почнало да важи укинувањето на дополнителните трошоци. Се очекува идните договори да бидат поврзани со постојните договори за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и земјите од регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5said7bdr2qfepKDNXd

Рокас: Македонија бележи напредок во дигитализацијата, образованието и владеењето на правото

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarysro069fv1uc74xrMfOW

(Видео) Македонија останува меѓу најподготвените земји кандидатки за членство во ЕУ, тврди Рокас

Македонија | пред 1 ден

lorenco

Криминалните предмети застаруваат, корупцијата останува сериозен проблем – Европската комисија со критики за Македонија

Македонија | пред 2 дена

Marta-Kos

Напредокот на Македонија кон ЕУ зависи од уставните измени, порача еврокомесарката Марта Кос

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања