Промени тема
Контакт

Минчев и Дукај: Зајакнување на јавната администрација преку регионална соработка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-library9edebv3e9kescYv0tN0

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари билатерална средба со својот колега, министерот за јавна администрација на Црна Гора, Мараш Дукај, во Скопје.  Целта на оваа средба е зајакнување на билатералната соработка помеѓу двете земји во областа на јавната администрација.

Министрите разменија визии и идеи за унапредување на реформските процеси и примена на современи методологии кои ќе придонесат кон создавање на поефикасна, транспарентна и граѓански ориентирана администрација.

— реклама —

Реформата на јавната администрација не е само внатрешна обврска, туку и надворешен сигнал, дека нашите институции се подготвени за европските стандарди, за модерно управување и вистински партнерства во регионот. Токму оваа соработка е доказ за тоа, што ја потврдува нашата посветеност кон транспарентност, ефикасност и заемна поддршка на патот кон европската интеграција. изјави министерот Минчев.

Во јуни годинава беше потпишан Меморандум за соработка, кој служи како цврста основа за стратешка и континуирана комуникација меѓу двете министерства, овозможувајќи заедничка реализација на проекти и иницијативи поддржани од меѓународни партнери и Европската Унија.

— реклама —

Во согласност со стратешката определба за воспоставување на ефикасна, модерна и граѓански ориентирана јавна администрација, ја препознавме важноста на регионалната соработка и размената на најдобри практики во оваа област. Потпишувањето на Меморандумот претставува значаен чекор кон зајакнување на институционалните капацитети и унапредување на партнерските односи.“ додаде министерот Дукај.

— реклама —

Министерството за јавна администрација останува посветено на унапредување на меѓународната соработка и градење на партнерства кои придонесуваат за професионални и поефикасни институции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Возел пребрзо и по левата лента, па понудил пари на полицајците за да избегне казна: уапсен македонски државјанин во Србија

Македонија | пред 6 дена

media-librarynmhf7gt5u93h1A0kIDK

На денешен ден во 1992 година Македонија ги усвои знамето и химната како државни симболи

Македонија | пред 2 седмици

media-librarypd2f7tasasr1eao1CSy

Македонија и Бугарија ја интензивираат соработката за изградба на тунелот на Коридор 8

Македонија | пред 1 месец

makedonija-evropa-eu-mkd-2

Европскиот парламент денес гласа за Македонија: Ќе биде ли избришан бугарскиот протокол од извештајот?

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања