Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Заладување со дожд и снег за викендот, од понеделник стабилно и студено време

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 33 минути -

Македонија
media-librarynnr37fnr4bdp0HrLaJt

Дожд, снег и значително заладување нè очекуваат во текот на викендот, а на планините се предвидува формирање нова снежна покривка до 20 сантиметри, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

— реклама —

Утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 30 литри на квадратен метар за 24 часа. Со продорот на постуден воздух од север, врнежите на повисоките места ќе преминуваат во снег, а ќе дува и умерен, повремено засилен до силен северен ветер.

— реклама —

На планините се очекува нова снежна покривка до 20 сантиметри, додека на повисоките места може да се формираат од 2 до 10 сантиметри снег.

Во Скопје утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а кон крајот на денот и во текот на ноќта постојат услови тие да преминат во снег. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

— реклама —

Врнежливото време ќе продолжи и во недела, кога кон крајот на денот се очекува нивно престанување. Од понеделник следува стабилно и студено време.

— реклама —

Според измерените податоци, во изминатите девет часа најмногу дожд наврнал во Охрид, 18 литри на квадратен метар, а максималната дневна температура во земјава се движела од 4 степени на Попова Шапка до 14 степени во Демир Капија и Гевгелија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

dozd-1

Циклон носи обилни врнежи и снег, од понеделник стабилизација на времето

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
DSC_0046

Денеска сончево, но студено – утринските температури до -5 степени

Македонија | пред 3 дена

media-librarybnsrphbu13gb4yPqQof

Променливо и ветровито време, дожд и снег на повисоките места

Македонија | пред 4 дена

berovo

Берово најстудено утрово во Македонија, измерени -3 степени

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања