Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Чупиќ се воздржа од коментар за спорот меѓу Македонија и Бугарија, но повика на помош од ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 27 минути -

Балкан
media-libraryqh3jha9c6t2jb79ghka

Вршителот на должноста претседател на Србија, Александар Чупиќ, оцени дека средбите со регионалните лидери во рамките на Процесот Брдо-Бриони во Охрид биле пријателски и дека со нив е воспоставен нов квалитет на комуникација.

— реклама —

По билатералната средба со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, Чупиќ посочи дека разговарале и за вклучувањето на младите во политичките процеси, оценувајќи дека тоа е важно за регионот да ги задржи младите луѓе.

— реклама —

Тој се воздржа од коментар за односите меѓу Македонија и Бугарија, но порача дека Бугарија, како членка на Европската Унија, би можела да придонесе за напредокот на регионот. Според него, Процесот Брдо-Бриони е можност земјите членки на ЕУ да ги споделат своите искуства со државите што се на патот кон членство.

Чупиќ истакна дека билатералните средби со Сиљановска-Давкова, претседателката на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, биле исполнети со пријателски тон. Тој додаде дека ова е негов прв меѓународен самит и дека смета оти регионалните односи треба да бидат во фокусот на српската надворешна политика.

— реклама —

Чупиќ посочи дека конечната оценка за успешноста на средбата во Охрид ќе ја даде времето, нагласувајќи дека ова е негова прва дипломатска мисија. Тој најави дека за средбата и своите впечатоци ќе го информира идниот избран претседател на Србија, кој, заедно со владата или надлежните министри за надворешни работи, ќе одлучи за продолжување на започнатите активности.

— реклама —
media-libraryd9gjmdkr5mlb01LMiET

Чупиќ од Охрид: Балканот ги даде Делчев, Његош, Андриќ, Крлежа и Кадаре

Балканот има значајно културно, научно и историско наследство што може да биде основа за посилна регионална соработка, порача вршителот на должноста претседател на Србија, Александар Чупиќ, на самитот на лидерите на Процесот Брдо-Бриони во Охрид.Тој истакна дека надворешната политика на Србија ќе остане урамнотежена, предвидлива и доследна, нагласувајќи ја потребата од соработка, но и заштита на државните и националните интереси.„Овој регион ги даде Делчев, Његош, Прешерн, Андриќ, Селимовиќ, Крл

Македонија | пред 3 часа

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryitev5b8csagm8ka59r7

Реслер: Реакциите од Србија за резолуцијата за Вуковар не се охрабрувачки

Балкан | пред 2 часа

— реклама —
media-library8su9eqc6gef76el6cYQ

Српското движење за обнова ќе го поддржи Радомир Саичиќ на претседателските избори

Балкан | пред 3 часа

media-libraryn3ln91mf5bpc1iLXRQe

(Видео) Студентската листа го објави кандидатот за претседател на Србија: академикот Радомир Саичиќ влегува во трката

Настани | пред 3 часа

media-librarysqadfg7rd4ahc6ZXFst

Брнабиќ: СНС на 13 декември ќе одлучи дали ќе учествува на претседателските избори

Балкан | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања