Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Османи: Евроинтеграциите стануваат прашање на национална безбедност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 29 минути -

Македонија
Screenshot-2024-12-11-at-10.57.34

Одложувањето на евроинтегративниот процес веќе претставува егзистенцијална закана за Македонија, а членството во Европската Унија треба да се третира како прашање на национална безбедност. Ова го порача Бујар Османи на панел-дискусија организирана од институтот „Абдилаким Адеми“.

— реклама —

Според Османи, забрзувањето на европскиот пат не е само прашање на подобар животен стандард, туку и на демографскиот опстанок на државата. Како аргумент ја посочи песимистичката проекција на Обединетите нации, според која до 2100 година Македонија би можела да има само 524.000 жители.

— реклама —

Тој предупреди дека продлабочувањето на развојниот јаз меѓу Македонија и ЕУ го зголемува притисокот за иселување, а дополнителен ризик претставува и променетата геополитичка состојба.

Османи оцени дека во услови на сè почести разговори за нова поделба на сферите на влијание меѓу големите сили, Западниот Балкан не смее да остане во европската „сива зона“.

— реклама —

„Историјата нè научи дека кога големите сили преговараат за сфери на влијание, малите држави ризикуваат да станат предмет на договори, наместо субјекти на одлучување“, рече Османи.

— реклама —

Тој порача дека сите други државни приоритети треба да се разгледуваат низ призмата на стратешката определба за членство во ЕУ, предупредувајќи дека земјата ризикува да ги изгуби и своите граѓани поради иселувањето и иднината поради геополитичката неизвесност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7c2ld01kaln59hngLQQ

Османи со нова “драма”, сега му пречи натписот пред влез на Скопје

Скопје | пред 4 месеци

— реклама —
osmani

Османи: „ВЛЕН се очајни ако официјалните средби на еден министер за надворешни работи да ги претставуваат како политички определби“

Македонија | пред 4 месеци

Bujar_Osmani_VP

Османи: Европскиот глас на Албанците во Владата е претворен во ништо, а тоа ништо се вика ВЛЕН

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2024-12-11-at-10.57.34

Османи по враќањето на старите имиња во Тетово: „црн ден за Албанците“

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања