Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Пред 35 години Македонија го донесе првиот Устав

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 38 минути -

Македонија
ustav-1

Пред 35 години, на 17 ноември 1991 година, Собранието го донесе првиот Устав на независна Македонија, со кој беа поставени темелите на уставноправниот поредок на самостојната држава по распадот на поранешна Југославија.

— реклама —

Усвојувањето на највисокиот правен акт следуваше по референдумот за независност, одржан на 8 септември истата година, кога граѓаните се изјаснија за самостојна и суверена држава.

— реклама —

Работниот текст на Уставот го подготвија професорите Владо Поповски, Љубомир Фрчковски, Лазар Китановски и Димитар Мирчев. Формален предлагач беше собраниската Комисија за уставни прашања, предводена од тогашниот претседател на Собранието, Стојан Андов.

— реклама —

Комисијата имаше 28 членови – 17 пратеници од сите пратенички групи и 11 научни и стручни работници. Меѓу надворешните членови беше и актуелната претседателка на државата, Гордана Силјановска-Давкова, која тогаш за првпат стана пратеничка.

— реклама —

Со Уставот беа утврдени темелните вредности на уставниот поредок, меѓу кои владеењето на правото, основните човекови слободи и права, поделбата на власта и пазарната економија – принципи врз кои се темели демократското општество.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycmfdu82ve4ui33Vr7Fr

ЕК: Северна Македонија мора да ги забрза реформите и уставните измени за вклучување на Бугарите

Македонија | пред 1 година

— реклама —
media-librarymu6ul7vl28072Q3VktU

Неизвесност се уставните измени за внесување на Бугарите

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Милошоски: Ако проблемот за Бугарија е само Уставот, да предложиме заедничка резолуција во ЕП за македонскиот идентитет

Македонија | пред 1 година

1669028980_2874109_rumen-radev_ls

Радев: Македонија сама се заглави на патот кон ЕУ, услов е Бугарите во Уставот

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања