Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Никола Груевски добил унгарско државјанство во 2022 година, екстрадицијата станува уште потешка, пишува истражувачки портал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
gruevski-nikola-543

Никола Груевски, поранешниот премиер на Македонија кој од 2018 година живее во Унгарија, добил целосно унгарско државјанство во 2022 година врз основа на „унгарски државен интерес“, објавува истражувачкиот портал ВиСквер (VSquare), повикувајќи се на извори од унгарската влада.

Според објавата, Груевски најверојатно сè уште се наоѓа во Унгарија, а неговиот статус е значително посигурен од статусот на други политички азиланти кои добиле заштита од претходната власт на Виктор Орбан.

„Унгарски владин извор потврди дека Никола Груевски добил целосно унгарско државјанство во 2022 година поради ‘унгарски државен интерес’. Според друг владин извор, се верува дека тој и натаму е во Унгарија“, наведува ВиСквер.

— реклама —

Порталот посочува дека државјанството претставува многу посилна правна заштита отколку политичкиот азил, бидејќи азилот може да биде одземен, додека одземањето државјанство е значително посложена постапка.

Според анализата на ВиСквер, за да му биде одземено државјанството, би требало да се докаже дека било стекнато со измама или корупција.

— реклама —

Груевски избега од Македонија во ноември 2018 година, непосредно пред да започне со издржување на двегодишната затворска казна во предметот „Тенк“, поврзан со набавката на луксузен блиндиран „мерцедес“. Потоа преку Албанија, Црна Гора и Србија стигна во Унгарија, каде што доби политички азил.

— реклама —

Во текстот се наведува и дека унгарската влада не одговорила на барањето за коментар во врска со информациите за државјанството на Груевски.

gruevski

Груевски со порака до министерот за правда: Наместо екстрадиција, проверете како се носеле пресудите

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија, остро реагираше на најавите за можна екстрадиција, обвинувајќи дека против него бил воден политички мотивиран прогон со „монтирани судски постапки“.Тој ја критикуваше изјавата на министерот за правда, посочувајќи дека наместо да собира информации за неговиот статус, треба да ги истражи, како што вели, „злоупотребите и незаконитостите“ во периодот на поранешната власт.„Судот има обврска да ја утврди материјалната вистина и не може да

Македонија | пред 2 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4euep141q1he0pIWv9q

Груевски ослободен во „Талир 2“ – „Белата палата“ се одмрзнува по осум години

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryomutu5c1grd6dKM4lUb

Груевски за луксузните станови на Водно: Обвинителката Стефанова го уцени Камчев да сведочи против мене, а тие не се мои

Коментари | пред 3 седмици

media-library6l77jjmjlka9a02wmiw

Државата ги продава луксузните станови одземени од Груевски: Џакузи, панорамски поглед и почетна цена од 2,46 милиони евра

Македонија | пред 3 седмици

gruevski

Никола Груевски: Лага е дека пред заминувањето од Македонија престојував во хотелот што го спомена Маленко

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања