Промени тема
Контакт

Без разлика на неговиот статус во Унгарија, екстрадицијата на Груевски останува на маса

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
gruevski

Министерството за правда соопшти дека внимателно ги следи информациите објавени во јавноста во врска со наводите дека поранешниот премиер Никола Груевски стекнал унгарско државјанство, но нагласува дека тоа не влијае врз постапките што се водат против него во Македонија.

Од Министерството посочуваат дека, без оглед на шпекулациите и неофицијалните информации за неговиот евентуален статус во Унгарија, Груевски и понатаму е државјанин на Република Северна Македонија.

— реклама —

„Независно од сите шпекулации и неофицијални информации за евентуалниот статус што го има во Унгарија, Никола Груевски останува државјанин на Република Северна Македонија и е лице кое е предмет на правосилни судски одлуки и активни постапки“, велат од Министерството за правда.

Оттаму додаваат дека постапката за негова екстрадиција продолжува согласно домашното законодавство, билатералните договори и меѓународните конвенции.

— реклама —

„Министерството за правда нагласува дека постапката за негова екстрадиција продолжува согласно домашното законодавство, билатералните договори и меѓународните конвенции. Во рамки на своите надлежности, Министерството и понатаму ќе ги презема сите неопходни правни и дипломатски чекори во комуникација со надлежните органи на Унгарија“, се наведува во соопштението.

— реклама —

Реакцијата на Министерството следува по информациите објавени во дел од медиумите дека Груевски, кој од 2018 година живее во Унгарија, наводно добил и унгарско државјанство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library4euep141q1he0pIWv9q

Груевски ослободен во „Талир 2“ – „Белата палата“ се одмрзнува по осум години

Македонија | пред 1 месец

media-libraryomutu5c1grd6dKM4lUb

Груевски за луксузните станови на Водно: Обвинителката Стефанова го уцени Камчев да сведочи против мене, а тие не се мои

Коментари | пред 1 месец

media-library6l77jjmjlka9a02wmiw

Државата ги продава луксузните станови одземени од Груевски: Џакузи, панорамски поглед и почетна цена од 2,46 милиони евра

Македонија | пред 1 месец

gruevski

Никола Груевски: Лага е дека пред заминувањето од Македонија престојував во хотелот што го спомена Маленко

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања