Промени тема
Контакт

(Видео) Мицкоски: Ако Груевски се врати, веднаш оди во затвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
mickoski-gruevski-141412

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека прашањето за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски е во надлежност на унгарските институции, нагласувајќи дека одлуките во тој процес ги носи Владата во Будимпешта.

„Јас како што сум запознаен, екстрадиција е побарана уште во 2018 година, а е одбиена во 2019 година, и дополнителни коментари треба да се побараат од Министерството за правда. Јас не сум министер за правда, јас сум премиер“, рече Мицкоски.

Тој посочи дека доколку Груевски се врати во Македонија, ќе мора да ја издржува затворската казна согласно правосилната пресуда.

— реклама —

„Доколку Никола Груевски се појави во Македонија, тој има правосилна пресуда и веднаш органите на редот ќе го обезбедат и ќе го упатат на отслужување на затворска казна“, изјави премиерот.

Мицкоски нагласи дека Владата е обврзана да ги почитува законите и институциите, додавајќи дека секое лице има право да ги користи правните механизми, вклучително и жалби.

— реклама —

„Ние сме Влада за којашто сите закони важат и која мора да ги почитува институциите во државата. А дали ќе се врати и кога ќе се врати, јас немам такви очекувања“, рече Мицкоски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library4euep141q1he0pIWv9q

Груевски ослободен во „Талир 2“ – „Белата палата“ се одмрзнува по осум години

Македонија | пред 1 месец

media-libraryomutu5c1grd6dKM4lUb

Груевски за луксузните станови на Водно: Обвинителката Стефанова го уцени Камчев да сведочи против мене, а тие не се мои

Коментари | пред 1 месец

media-library6l77jjmjlka9a02wmiw

Државата ги продава луксузните станови одземени од Груевски: Џакузи, панорамски поглед и почетна цена од 2,46 милиони евра

Македонија | пред 1 месец

gruevski

Никола Груевски: Лага е дека пред заминувањето од Македонија престојував во хотелот што го спомена Маленко

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања