Магазин

(ВИДЕО) Ксенија Николова се соочи со уште една неуспешна бременост: Ние жените сме најсилни суштества на планетата

Писателката Ксенија Николова објави дека имала биохемиска бременост, односно дека била бремена и за неколку дека се променила состојбата.

„Пред десетина дена имав биохемиска бременост, односно бев бремена и за неколку дена се загуби тоа што се нарекуваше бременост. Иако многумина ќе речат дека тоа не било ни бременост, сепак за мене беше важно, посебно кога го добив резултатот со повисоко ниво на ХЦГ. Повисоко и доволно за бременост, се надевавме дека ќе порасне, но за жал се загуби бременоста“, вели Николова.

Таа додадва дека во ваква ситуација нема да се јави докторот со стратегија како да го постигнеш тоа што го сакаш и нема кој да дојде и да ти даде надеж и сила.

„Во изминатите 10 дена сфатив дека ние жените сме најсилни суштества на планетата Земја. Не сме свесни колку сме силни и колку моќ има во нас за да ги надминеме најтешките ситуации“, искрено раскажува Ксенија.

На почеток