Oблачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, на планините снег


Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Попладне и во текот на ноќта на места врнежите ќе бидат пообилни, а поради продор на постудена воздушна маса со засилен северен ветер ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои пониски места, особено во западните делови.
На планините ќе се формира нова снежна покривка, а помала и на некои повисоки места.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.
Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта кога ќе дува и засилен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 10 степени.
