Свет

Заштитата на Украина не е од витален интерес на САД, вели Рон Десантис

Гувернерот на државата Флорида и можен претседателски кандидат на Републиканската партија на претседателските избори следната година, Рон Десантис, во интервју за Фокс њуз изјави дека заштитата на Украина не е витален интерес на САД.

Рон Десантис одговори на прашалникот испратен до потенцијалните претседателски кандидати на Републиканската партија од водителот на Фокс њуз Такер Карлсон, меѓу другото, дека САД имаат многу витални национални интереси, но дека „понатамошното мешање во територијалниот спор меѓу Русија и Украина не е еден од тие интереси“, пренесува Гардијан.

Гувернерот на Флорида изјави дека виталните интереси на САД се заштитата на границите на САД, поддршката на американската војска, постигнувањето енергетска безбедност и независност, како и соочување со предизвикот од економската, културната и воената моќ на Кина,пренесе Танјуг.

На почеток