Мерките за намалување на цените даваат резултат, се грижиме за стандардот на граѓаните, вели СДСМ
Владата предводена од СДСМ го штити стандардот на граѓаните со одговорни мерки и политики, вели СДСМ
„Мерките за намалување на цените на прехранбените производите даваат резултатит, цените се намалуваат, се зголемува опсегот на производите опфатени со мерките за замрзнување на цените.
Прв на листата за замрзнување на цената, беше белиот и полубелиот леб, кој сега се продава за 33 денари.
Цените на млекото и на млечните производи се намалија за 10, а на тестенините за 15 проценти.
Владата денеска треба да ја замрзне на цената на јајцата и на оризот согласно цените кои што биле во март.
СДСМ нема да дозволи некој да печали на грбот на граѓаните во оваа тешка криза, која несомнено ги погодува сите.
Истовремено минималната плата е покачена на 20.175 денари, пензиите забележаа рекордно зголемување за 8,4 отсто, континуирано расте и просечната плата која се искачи на 34.364 денари.
Во време на криза, никој не е оставен сам. СДСМ продолжува со вистинска грижа за стандардот на граѓаните“, се вели во соопштението.