Македонија

И Стејт Департментот смета дека владата на Ковачевски и Ахмети е криминогена во кои се вклучени владините челници, вели ВМРО-ДПМНЕ

Сериозна владина корупција, значителна судска корупција, неефикасни судови, ендемична корупција меѓу затворскиот персонал и одложена правда, се само дел од работите кои се нотирани во новиот извештај за заштита на човекови права за 2022 година на Стејт Департментот, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Извештајот на Стејт Департментот констатира дека владата на СДС И ДУИ е криминогена.

Поради високиот степен на криминал и корупција во кои се вклучени директно владините челници, Македонија го доби најкритичниот извештај од Стејт Департментот.

Она што го говореше ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период, сега добива потврда и од САД. Единствен новитет во овој Извештај за разлика од претходните е што ставот на Стејт Департментот од опоменувачки, стана осудувачки.

Очигледно е дека не само граѓаните, туку и САД смета дека владата на Ковачевски, Ахмети, СДС и ДУИ е најкорумпирана влада во историјата на Македонија.

Дополнително, Стејт Департментот рагира дека во државата недостига одговорност за родово и семејно насилство, нечовечко и понижувачко постапување и пренатрупаност во затворите, насилство и закани врз новинари.

Извештајот на Стејт Департментот е само уште еден во низата меѓународни фактори кои јасно потенцираат на криминалот на власта.

Шест години со СДС на власт, Македонија тоне на секое поле. Што побрзо замине Ковачевски и СДС толку подобро и за граѓаните и за државата.

Потребни се промени“, се вели во соопштението.

На почеток