Македонија

(ФОТО) Ова се просториите каде осудениците во Идризово го копале подземниот тунел

Ова се просториите каде осудениците во Идризово ја спроведувале нивната операција за бегство преку подземен тунел. Бетонот на подот е од неодамна поставен, најверојатно откако осудениците дознале дека се под сомнеж.

Поради бетонот затворската управа се посомневала дека таму има нешто.

Во овие простории затворениците доаѓале кога биле пуштани на шетање да си ги протегнат нозете. Затворската полиција ретко, или никогаш, не влегувала во овие објекти.

Од фотографиите, кои ги објави Алсат ТВ, може да се види и кофата со која била извлекувана земјата, како и кабелот кој им служел да си го осветлат патот под земја. Земјата најверојатно завршувала во контејнетите кои се наоѓале во близина на овој објект, кој порано служел како работилница и како остава за јаглен.

На почеток