Петровска за тврдењето на Ковачки дека се приведени македонски разузнавачи во Косово: Целосно неточно и злонамерно е неговото тврдење
Министерката за одбрана Славјанка Петровска, му одговори на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ кој изјави дека оперативци – разузнавачи пред 10-тина дена биле испратени на задача во Косово од страна на министерката Славјанка Петровска, но истиот ден кога дошле на Косово, биле приведени поради сомнителни активности.
Петровска ги демантираше овие изјави, и кажа дека не е првпат на Ковачки да изнесува невистини.
„Целосно неточно, невистинито и за жал злонамерно. Организациските единици во МО и Армијата се во целосна поддршка на припадниците на Армијата ангажирани во меѓународни мировни операции. Не е прв пат овој пратеник, поранешен припадник на Армијата да изнесува невистини и лаги и да ги напаѓа своите поранешни колеги.“, рече Петровска за ТВ21.