Македонија

Му дале затворено шише вода и човеков е на токсикологија, дете умре после инфузија, какво е ова лудило, вели Јоци

Пред два дена почина петгодишната Јана Христовска во битолската болница, а вчера битолчанец кој во кафуле побарал кисела вода заврши на токсикологија. Се сомнева дека му донеле и испил детергент за перење на садови.

Во врска со овие две актуелни теми на социјалните мрежи реагираше Јорданка Ивановска Јоци.

„Не сфаќам…сега во кафеани, вода од дома треба да си носиме?

Какво е ова лудило во земјава, му дале затворено шише вода во кафеана, внатре машински прашок и човеков е на токсикологија

Вчера, после инфузија, дете умре.

Ќе одговори некој што се случува во оваа нашава вукојебина т.е шупакот на светот?

Беше МВР во кафеаната да ги заплени сите шишиња со вода и да го каже производителот, евентуално да го испита персоналот да не ставил нешто во шишето?

Се бараат одговори дали е некоја саботажа во производствен процес или тешко кривично дело од персонал кој не го сакал гостинот?“, стои во објавата.

На почеток