Македонија

Три години членство на НАТО, обезбедена безбедност и стабилност, вели СДСМ

На денешен, пред три години државата, предводена од СДСМ стана полноправна членка на НАТО Алијансата, вели СДСМ

„Три години е обезбедена безбедноста и стабилноста на граѓаните и на државата, македонската армија е рамо до рамо со најсилните во светот.

Реализирана е една од двете национални стратешки цели, исполнет е стремежот за кој сонуваа генерации, во изминатите 30 години.

За жал, трагичните настани со воената агресија на Русија врз Украина, покажаа колку е важно членството во НАТО, особено во услови на безбедносна криза.

Граѓаните можат да бидат спокојни, членството во НАТО значи неповредливост на границите и територијалниот интегритет на државата“, се вели во соопштението.

На почеток