Македонија

Пензионерката која го критикуваше Ковачевски е активистка на ВМРО-ДПМНЕ

Социјалните мрежи денеска беа преплавени од видеа од загрижена пенизонерка која го пресретна премиерот Димитар Ковачевски во маркет. Таа му се пожали на високите цени и ниските плати.

Малку време беше потребно медиумите да откријат дека  таа е всушност активистка на ВМРО-ДПМНЕ. Пензионерката има и фотографија со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Станува збор за скопјанката Ацка Станишева чиј профил на Фејсбук изобилува со фотогафии каде таа е сликана на партиски настани на ВМРО-ДПМНЕ, но и на протестите против Францускиот предлог кои се одржуваа во јули.

На почеток