Владата донесе одлука да и ги донира хеликоптерите на Украина


Владата одлучи да и ги донира на Украина воените хеликоптери.
Претходно, според медиумски информации, Украина самата побарала ваква помош од земјава во борбата против агресијата од страна на Русија, а неофицијално ќе се ослободуваме од 12-те армиски хеликоптери „ми-24“.
„Владата ја разгледа и усвои и Информацијата за потреба од склучување Протокол за донација на воздухоплови (хеликоптери) помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Украина и ја донесе Одлуката за донација на воздухоплови (хеликоптери) на Министерството за одбрана на Украина.
Владата на Република Северна Македонија го разгледа и прифати усогласениот текст на Протоколот за донација на воздухоплови помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Украина“, гласи инфоирмацијата на Владата што ја соопшти дополнително вечерва по завршувањето на седницата.
Од друга страна се очекува и одлука за тоа какви и колку нови хеликоптери на западна платформа ќе бидат набавени за потребите на нашата армија.
