Нето надворешниот долг во четвртиот квартал од 2022 година е зголемен за 432 милиона евра


Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција.
Нето надворешниот долг изнесува 4.349 милиони евра (или 33,7% од проценетиот БДП). Нето надворешниот долг во четвртиот квартал од 2022 година е зголемен за 432 милиона евра, или за 11%. Од аспект на структурата, и понатаму поголемо учество во вкупниот нето-долг има приватниот нето-долг со 64%, информира НБРМ.
Во текот на четвртиот квартал од 2022 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 318 милиони евра и изнесува 8.151 милион евра, што претставува 63,2% од проценетиот БДП за 2022 година.
