Македонија

Поради навреди на „Фејсбук“, Државниот архив пријави лице до МВР за говор на омраза

Доцна синоќа некаде околу 2 часот по полноќ, надвор од работното време на институцијата, Државниот архив на Република Северна Македонија објави дека го пријавува лицето Ристо Ангелов во полиција, за напишани навреди во коментар на „Фејсбук“ објава.

„Да ви се мочам во северната, пи*да ви материна“, пишува во коментар Ангелов.

За Државниот архив, ваквата комуникација претставува кривично дело.

„Државниот архив го пријавува овој коментар на Ристо Ангелов до Министерството за внатрешни работи сметајќи дека е говор на омраза и девалцирање на владина институција која што професионално ги извршува своите задачи и обврски. Предлагаме соодветните органи да преземат мерки за санкционирање на ваквото однесување на индивидуата!“, информираат од институцијата.

На почеток