Македонија

Сопругата на Ковачевски влегува во бизнис од 1 милион евра додека тој е премиер, вели ВМРО-ДПМНЕ

Додека Ковачевски е премиер, неговата сопруга добива државна земја за изградба на фотоволтаична централа, вели ВМРО-ДПМНЕ

„1.119 м2 за 70 денари по м2 добива сопругата на Ковачевски со Одлука на Влада, која наместо Ковачевски ја потпишува Артан Груби.

Бизнисот од кој Ковачевски тврдеше дека излегол, и го оставил на кумот, сега влегува неговата сопруга и сето тоа додека тој е премиер.

Земјиштето кое Ковачевска го добила од Владата е последниот дел од сложувалката за дооформување на нејзината парцела и вадење на дозволи за градба.

Како што пишуваа медиумите се работи за инвестиција на 1.8 мегаватна централа, чија изградба чини над 1 милион евра.

Додека народот гладува, семејството на Ковачевски влегува во милионски бизниси. Затоа се потребни промени“, се вели во соопштението.

На почеток