Секој ден Мицкоски потрврдува дека е против ЕУ и во заложништво на Левица, вели СДСМ
Од
Објавено на
Христијан Мицкоски секојдневно потврдува дека е во заложништво на Левица и заедно со Апасиев ја блокираат евроинтеграцијата на државата, вели СДСМ
„Уште една потврда се најавите на Мицкоски дека одлучил ВМРО-ДПМНЕ да не номинира претставници во работната група за уставни измени кои се неопходни за продолжување на европскиот пат на државата .
Мицкоски и Апасиев заедно работат против европските перспективи на државата.
Деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица не носат ништо добро за општеството, затоа повторно ќе бидат поразени.
СДСМ е рамо до рамо со граѓаните и ќе ги разобличи промашените пропаганди на Левица и Апасиев“, се вели во соопштението.