Македонија

Меџити: Бебето родило живо, имало тахикардија и обид за оживување

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, рече дека бебето било родено со тахикардија, а родилката е од Битола и има 24 години. Како било постапено при породувањето – ќе утврдуваат комисии од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

„Денеска, бевме тука да видиме каков бил случајот. Утре, од ДСЗИ ќе испратиме комисија од инспектори за да утврдат која била причината. Според првичниот извештај, тоа било родено живо, со тахикардија, имало белодробрно-срцево оживување, понатаму ќе кажеме сè кога ќе имаме дефинитивни резултати од институциите. Тука сме за да видиме каков е пропустот и што може да се подобри. Длабоко сочувство за младата родилка за изгубеното бебе“, додаде Меџити.

На почеток