Коментари

Мицковски: Абе дечки, не се ни криете веќе од криминалот

Новинарот Ивор Мицковски на социјалните мрежи реагираше во врска со државното жемјиште кое го добила неговата сопруга за 70 денари по квадрат.

„Ковачевски вика дека немало конфликт на интереси што сопругата добила државно земјиште по 70 ден квадрат, оти не бил тој ден на седница на Влада

На ист начин нема криминал од 20 мил. € кај него или Владата со мазутот пошто не ги возеле камионите.

Ниту пак се одговорни што кошницата поскапе 15к денари во само една година, пошто они алиби замрзнуваат цени и граѓаните заштедиле 100 денари.

Ниту пак со струјата нема криминал, пошто они ја субвенционираат со народни пари.

Ни во надзорот на Бехтел нема криминал од 22 мил. €, јер јебига, не работеле они лично со гаќи и чорапи, не го вратиле они криминалецот од Ерменија.

Абе дечки, не се ни криете веќе од криминалот“, вели Мицковски.

На почеток