Скопје

Да живееме со љубов, радост и среќа, Арсовска испрати велигденска честитка до граѓаните

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на Фејсбук го честита најголемиот христијански празник на сите православни верници со желби за радост и среќа.

-Велигден е денот кога ја славиме вечноста, животот и човекољубието.

Нека ни е честит и вечен овој ден, да живееме со љубов, радост и среќа.

Христос Воскресе, Навистина Воскресе! – напиша Арсовска.

На почеток