Македонија

Коридорите ќе се градат најмалку десет години, тврди Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека Коридорите ќе се градат најмалку десет години.

За договорот со „Бектел и Енка“ верува дека ќе биде пречекорен затоа што најрано кога ќе може да се видат багери и лопати е септември годинава.

„Минимум десет години ќе се градат. Никој не е против градење, треба да се гради, но не на ваков начин“, истакна Мицкоски.

Мицкоски објасни дека доколку се донесе одлука за раскинување на договорот тој ќе оди на меѓународна арбитража. Тој рече дека ќе биде поголема штета доколку коридорите не се изградат отколку да се раскине договорот.

На почеток