Агнеса Органџиева: Јас заработувам од тоа што ме оговараат, си го полнам џепчето, а ништо не правам


Во новото издание на „Нешто конкретно“ тема е озборувањето. Кој како и зошто озборува? Дали тоа го прават сите, но не признаваат? Постојат ли личности на кои што им годи да ги озборуваат и дали е вистина дека може дури и да се заработи ако некој те озборува?
Нора сподели дека еден од нашите новинари ја направил поранешна девојка на Здравко Чолиќ, а трачот станал толку голем што стигнал до Србија, па Нора лично му се претставила на пејачот и се пошегувала со него дека таа е неговата бивша. Но не сите трачеви можат да бидат прифатени како шега, кога ќе почне да се споменува фамилија, деца тогаш работите стануваат посериозни, а колку често нашите сограѓани тргнуваат правно да ги решат ваквите проблеми ни раскажа адвокатот Тале Арсов.
Од друга страна, Агнеса не се потресува многу кога ја озборуваат – „јас заработувам од тоа што ме оговараат, си го полнам џепчето, а ништо не правам“, истакна таа и додаде дека за неа можат што сакаат да зборуваат, но децата не смеат да и ги стават во уста.
„Ако на оговарачите оговарањето им е храна, ќе ги нахраниме… и ручек и доручек и вечера“, се пошегува Агнеса.
