Коментари

Наместо едно општество за сите, направивме цела држава за ДУИ, вели Димитровски

Екс заменик-министерот за локална самоуправа и член на Демократски сојуз, Зоран Димитровски, во вечерашното гостување во „Само интервју“ на „Канал 5“ го коментираше дочекот на косовската претседателка Вјоса Османи во Тетово, каде имаше превод само на албански јазик.

Тој рече дека ваквиот однос е скандалозен со оглед на фактот дека не е првпат Тетово да се нарекува „центар на Албанците во Македонија“.

„Наместо едно општество за сите, направивме цела држава за ДУИ“ , рече Димитровски.
Вели дека нарушени се сите постулати на Рамковниот договор, сега има 50-50 проценти албански министри во Владата.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи Садриу, денеска присуствуваше на на инаугурација на улицата со името „Ибрахим Ругова“ во Општина Чаир.

На почеток