Грција нема да ја толерира Златна зора која упадна на изложба на македонски уметник
Грчката Влада реагира откако маскирана група упадна на изложба на македонски уметник во Грција.
„Грција нама да „толерира беззаконие и заплашување на граѓаните“, изјави портпаролот на грчката Влада, Акис Скерцос на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на упадот на маскирана група од Златна зора на изложбата на македонскиот уметник Сергеј Андреески во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.
Скерцос рече дека нема толеранција ниту за нацистичките паравоени групи, термин кој во Грција се користи за организираните групи на Златна зора.
Од „Златна зора“ објавиле дека „е запечатена скопската изложба во Каламариа“ и се додава дека не прифаќаат никаков компромис за „грчкиот карактер на Македонија“, дека станува збор за „очигледен потсмев и навреда на националното чувство на Македонците“, па затоа морале да „интервенираат“ и пред сѐ да испратат порака до грчките властите дека „ваквите провокации не остануваат без одговор“.