Македонија

Чиј монопол штити ВМРО-ДПМНЕ со хајката против коридорите и американската Бехтел, прашува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски водат хајка против изградбата на коридорот 8и коридорот 10Д, водат хајка против реномирана американска компанија како што е Бехтел, вели СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на провизии и промашени прокети за автопати, денес е против најголемата инвестиција во инфраструктурата вредна 1,3 милијарди евра од кои 51 отсто ќе завршат во домашните компании.

30 години државата ја чека изградбата на Коридорот 8 и е зависна од солунско пристаниште.

Чиј монопол штити ВМРО-ДПМНЕ со противењето на изградбата на коридорите? Дали е тоа една фирма којашто единствено има претставништво во солунско пристаниште?

Зошто ВМРО-ДПМНЕ е против нашите компании да можат да се снабдуваат од пристаништата во Бургас и Драч“, се вели во сооптшението.

На почеток