Македонија

Пендаровски ќе ја претставува Македонија на крунисувањето на кралот Чарлс

Претседателот Стево Пендаровски како претставник на Македонија ќе присуствува на церемонијата на крунисувањето на британскиот крал Чарлс на 6 мај. Шефот на државата ја прифатил поканата која пристигнала од Бакнгемската палата, потврди неговиот кабинет.

Тој придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска, на 19 септември лани во Вестминстерската опатија во Лондон присуствуваше на Државната погребна служба на кралицата Елизабета Втора.

На крунисувањето биле поканети шефови на држави со кои Лондон има целосни дипломатски односи, како и претставници на британските региони и прекуокеанските територии.

На почеток