Започна реализација на коридорот 10, нема да дозволиме блокади, вели СДСМ
Започна реализацијата на автопатот на коридорот 10 на делницата Прилеп – Битола, кој претставува национален и стратешки интерес, капитален проект од огромно значење за сегашните и идните генерации, вели СДСМ.
„Со изградбата на Коридорите 8 и 10Д се зајакнуваат транспортните врски со целиот регион, нашата држава се поврзува на исток и запад, со пристаништата во Драч и Бургас, станува вистинска крстосница на Балканот.
Овој капитален проект, очекуван повеќе од 30 години, отвора околу 8.000 нови работни места, најмалку 600 милиони евра за домашните компании, голем поттик за развој на економијата.
Инвестициите во патната инфраструктура се влог во иднината, унапредување и олеснување на животот на граѓаните, поефикасна работа на компаниите.
СДСМ нема да дозволи блокади. Блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица ќе бидат поразени“, се вели во соопштението.