Македонија

Нов инспектор во МВР е кандидат на СДС за градоначалник на Дебрца, каде е департизацијата која ја најавуваше Спасовски, вели Ковачки

МВР продолжува да се полни со неуспешните и поразените кандидати за градоначалници на СДС, вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

„Од пред некој ден, нов инспектор во МВР е Игор Крцоски, кандидат на СДС за градоначалник на Дебрца.
И сега, каде е департизацијата на институцијата која ја најавуваше Оливер Спасовски уште во 2015?
Министерот Спасовски е тој кој не го почитува сопствениот закон за внатрешни работи според кој, вработените не може да бидат членови на политичка партија и за кој држеше интервјуа на разни медиуми.
Значи го прави токму спротивното од тоа што го зборува.
Истиот министер што го крши сопствениот закон по којзнае кој пат, е задолжен за спроведување на други закони и борба со криминалците и корупцијата во Македонија.
Директно одговорен за падот на довербата во МВР е лично Оливер Спасовски со своите против-законски постапки“, додава тој.

На почеток