Македонија

Стојаноска: Следуваат избори на кои граѓаните ќе стават крај на понижувањата и криминалите на СДС и на нејзиниот поголем брат ДУИ

Дафина Стојаноска, пратеник во Собранието при денешните теренски антивности ги посети населените места Жван, Журче и Сопотица каде потсети дека граѓаните од овој крај еднаш ги имаат казнето лошите политики на СДС, а сега сакаат повторно да го направат тоа за централната власт.

-И денеска повторно сум во демирхисарско, ги посетив населените места Жван и Журче, сега сме во Сопотница и она што е карактеристично за овој крај за овие жители е тоа што тие веќе еднаш имале храброст да се спротиват, на криминалното СДС. Тоа се случило во 2021 година кога ги имаа казнето лошите локални политики на претходниот градоначалник. Чекаат повторно да се реваншираат за она што централната власт го прави, а тоа е што не му дава одврзани раце на градоначалникот на Демир Хисар и го стопира во реализацијата на проектите за овој крај, бидејќи нели ги контроли финасиите, а исто така ги има одземено и ингеренциите за единственото средно училиште во овој град, рече таа.

Стојаноска укажа дека не само граѓаните од овој регион туку од цела Македонија се подготвени да стават крај на понижувањата и криминалите кои ги прават СДС заедно со ДУИ.

-Ете тоа се тие лоши централни политики на власта и затоа овие жители се подготвени час поскоро да ја казнат оваа криминална власт, бидејќи никако не можат да дозволат и да се помират со тоа власта да гради среќа на сметка на несреќата на граѓаните, власта да смета дека е успешна, а на сите страна граѓаните да се чусвтвуваат понижени и посрамени. Следуваат избори на кои што токму граѓаните, жителите на овој крај а и низ цела Република Македоија ќе стават крај на овие порази, понижувања и криминали од страна на власта на СДС и на нејзиниот поголем брат ДУИ, порача Стојаноска.

На почеток