Македонија

Ковачевски треба да покаже кој го платил патувањето за неговите деца бидејќи вака остава лош впечаток, вели Ивановска

Билјана Ивановска, претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, го повика премиерот Димитар Ковачевски да покаже кој го платил патувањето на неговите деца кои ги поведе додека беше на работни средби во Вашингтоб и Њујорк.

– Значи треба да покаже кој го платил патувањето бидејќи вака остава лош впечаток, лоша перцепција се создава дека ако е таткото некој функционер може цела фамилија да оди. Не е единствен случај, за жал таа перцпеција треба да се промени, но тоа ќе се промени со фактичка состојба. Нека оди, нека патува, но нека покаже кој тоа го покрива, рече Ивановска.

ДКСК денеска ќе донесе одлука за тоа дали ќе отворат предмет за овој случај. Тоа ќе се разгледа на Колегиумот и јавноста ќе биде известена.

– Ние одлуките дали отвараме или не предмет ги носиме на колегиум, денеска после овој настан ќе имаме колегиум и ќе ги известиме, посочи Ивановска.

Премиерот Ковачевски веќе изјави дека нема потреба да покаже кој го платил патувањето на неговите деца во САД каде владината делегација беше во работна посета една седмица.Единствено кажа дека трошоците за синот и ќерката не биле на товар на буџетот.

На почеток